Јапонската компанија Panasonic ќе започне со производство на нови литиум-јонски батерии наменети за Tesla веќе во 2023 година, планирајќи да инвестира околу 80 милијарди јени (705 милиони долари) во фабрики во Јапонија, објави денеска јапонскиот бизнис портал Nikei.
Литиум-јонските батерии за полнење би можеле да помогнат електричните возила (ЕВ) да бидат попривлечни за возачите со зголемување на опсегот на возење за околу една петтина, пишува Nikei.
– Истражуваме различни опции за масовно производство, вклучително и тест производствена линија што ја воспоставуваме оваа деловна година, соопшти Panasonic .
Panasonic во октомври минатата година претстави батерија со формат 4680 (широка 46 милиметри и висока 80 милиметри). Се очекува ова да му помогне на американскиот производител на електрични возила да ги намали трошоците за производство.
Јапонската компанија ќе произведува „4680″ батерии во фабрика во западниот дел на Јапонија, со производство доволно за околу 150.000 возила, соопшти Nikei.
Panasonic е единствениот производител на поразвиени батерии за Tesla, што му дава позиција на клучен снабдувач на американската компанија, барем за поскапи модели на автомобили, и покрај фактот што овој производител на електрични возила бара добавувачи на батерии во Кина и на други места
Поврзани артикли