Во Европа, четвртата генерација на Mondeo веќе во март може да стигне до крајот на животниот пат.
По неколку неофицијални, но речиси и целосно откриени фотографии, следната генерација на Ford Mondeo официјално e претставена во Кина. Премиерата на петтата генерација на популарната лимузина е реализирана во новиот кинески дизајнерски центар на Ford во Шангај. За жал, засега нема информации за потенцијална достапност надвор од Народна Република Kина.
Ford очигледно е особено горд на дизајнот на овој нов модел бидејќи целото соопштение за медиумите е посветено на визуелните карактеристики на возилото. Станува збор за дизајнерскиот јазик на Ford наречен „Прогресивна енергија во сила“ (Progressive Energy in Strength), кој може да се види и на Evos и Equator. Се заснова на преференциите на локалните клиенти и три основни принципи – „команда, агилност и одговор“.
И навистина, новото Mondeo изгледа прилично агресивно од напред, имитирајќи ја предната маска на Evos. Новитетот има форма на традиционален седан и покрај благо закосената линија на кровот. LED лентата од светло до светло на предната страна го претставува светлосниот потпис, а лаковите на тркалата и предните браници создаваат севкупен „мускулест“ изглед кога возилото се гледа од страна.
Најинтересниот елемент на задниот дел е парот LED задни светла кои се инспирирани од дизајнот на Mustang Mach E, со три вертикални линии. Дифузорот прикачен на браникот додава убав спортски „допир“, иако може да се забележи дека врвовите на хромираните врвови на издувни цевки не се прикачени на вистинските цевки. Покрај тоа, се чини дека рачките на вратите имаат дизајн како дизајнот на автомобилите на Tesla (излегуваат од каросеријата).
Ford за сега не дава никакви информации за тоа што има под хаубата, иако ознаката „245“ одзади сугерира дека се работи за 2.0-литарски EcoBoost турбо бензинец. Ако навистина е така, линискиот мотор со четири цилиндри развива 245 КС (180 kW), веројатно насочеин кон предните тркала преку осумстепен автоматик. Новото Mondeo ја користи платформата C2 на Ford, која ја дели со новиот Zephyr на Lincoln, кој исто така е достапен само за Кина.