Многу луѓе старите телефони ги даваат на друг или ги продаваат ако се уште се добри уредите. Но, што е со личните податоци?
Еве што треба да направите пред да го дадете паметниот телефон на некој друг.
Ако мобилниот го имате подолго време веројатно е преполн со фотографии, видеа, документи кои не сакате да ги изгубите. Затоа, направете back up. Се што сакате да зачувате ставете на мемориска картичка или на cloud. Ако ви е така полесно, можете се да си испратите на мејл.
Одјавете се од сите профили
Ова е многу важно, треба да се одјавите од сите профили и апликациите да ги избришете. На тој начин ќе ги тргнете идентификациските податоци. Така, тој што ќе го зеде вашиот мобилен нема да ги користи вашите профили или бројот на кредитните картички, на пример.
Пред тоа, направете листа од сите лозинки така што на новиот мобилен ќе може да пријавите се што треба.
Можеби мислите дека е доволно да се одјавите, но не. За да се заштите дополнително, променете ги лозинките на мобилниот. Враќањето на мобилниот на фабричко подесување треба да ги избрише сите лозинки и податоци, пишува Family Handyman.
Кога сте ги архивирале податоците, сте се одлогирале и слично, сега може да ја отстраните СИМ картичката и мемориската картичка. Не само што на нив ќе има дел од податоците туку ќе може да ги користите и на новиот мобилен.
Извор: N1info.com