Споделувањето фајлови помеѓу уредите на корисниците е значително полесно во Apple екосистемот отколку на уредите на Google.
Корисниците на екосистемот на Apple можат да го користат AirDrop за пренос на фајлови од iPhone / iPad на Mac и обратно. На платформите на Google, како што се Android и Chrome OS, тоа е малку покомплицирано бидејќи вклучува испраќање фајл во облак, испраќање е-пошта или поврзување на уредите со компјутер.
Google се обиде да создаде сопствена верзија на AirDrop, наречена Nearby Share, која сè уште не функционира на ист начин. Компанијата сега сака тоа да го промени.
Според податоците кои доаѓаат од верзијата на Chrome Gerrit, Google се чини дека работи на ажурирање за Nearby Share, што ќе резултира со нова функција наречена „Self Share“.
Како што сугерира името, ова ќе им олесни на корисниците да споделуваат фајлови помеѓу своите уреди. Ова значи дека ако работите на уред како Chromebook – можете да го користите Self Share за да испратите фајл од тој Chromebook на вашиот телефон со Android.
Споменатата функција ќе биде дел од Nearby Share опцијата , во рамките на Nearby Share менито, под името “Self Share”.
Засега не е познато кога споменатата функција ќе стане достапна за сите корисници, но со оглед на тоа што е во почетна фаза на тестирање, се очекува да се појави во следниот период.
Поврзани артикли