Резултатите од малата руско-италијанска прелиминарна студија покажале дека нивоата на антитела кои го неутрализираат сојот омикрон на коронавирусот кај луѓето вакцинирани со руската вакцина „спутник В“ не паднале толку многу како кај оние кои ја примиле вакцината на компанијата „Фајзер“.
Студијата ја спроведоа научници од италијанскиот институт „Спаланзани“ и институтот „Гамалеја“ во Москва, кои ја направија вакцината „спутник В“, пренесува „Ројтерс“.
Како што се наведува, во истражувањето учествувале 51 лице вакцинирани со „спутник В“ и 17 вакцинирани со вакцината на „Фајзер“.
Истражувачите рекоа дека нивоата на антитела биле земени шест месеци по примањето на втората доза од вакцината и покажале дека оние кои примиле две дози Спутник биле поотпорни на омикрон од оние кои биле вакцинирани со „Фајзер“.
„ Денес е очигледно дека е неопходна бустер-доза“, се наведува во резултатите од оваа прелиминарна студија.
Резултатите од претходната прелиминарна студија на Институтот „Гамалеја“ покажаа дека засилувачката доза на „спутник лајт“ е поефикасна против сојот омикрон во споредба со само две примени дози од истата вакцина.
Поврзани артикли