На пазарот пристигна високотехнолошка маска која ги покажува емоциите на корисниците со помош на LED светла.
Покрај тоа што покажува тажни, среќни или збунети лица, може да прикажува и случајни обрасци. Маската на украинската технолошка компанија Qudi доаѓа со соодветни проѕирни очила, кои имаат и LED светла.
Покрај поставките на програмата, постои и комуникација во реално време. Ако лицето што ја носи маската кlимнува во согласност со некого, маската го прикажува зборот „да“ со зелени светла. И кога зборува, анимираната уста се отвора и затвора. Тресењето со главата покажува „не“ во црвено.
Навлаката за уста е опремена со 199 паметни LED пиксели. Тие формираат дисплеј кој има шест вградени емоции: љубов, насмевка, шок, збунетост, лутина и лице на мачка.
Поврзани артикли