Wizz Air денес ја потврдува својата водечка позиција во индустријата како најзелен избор на воздушно патување со лансирањето на својата кампања за одржливост – ‘Wizz Air – Fly the Greenest’.
Како дел од кампањата за одржливост на авиокомпанијата за подигање на свеста за нејзината позиција како најзелен избор на воздушни патувања, извршниот директор на Wizz Air, Јозеф Варади, напиша отворено писмо до клиентите во кое ги наведе седумте причини зошто Wizz Air е најзелениот избор за воздушно патување и ги повика да донесат правилна одлука, за следниот пат кога ќе одлучат да летаат.
Wizz Air е најбрзо растечката авиокомпанија во Европа и се стреми да опслужува сè повеќе патници секој ден, на најодржлив начин. Ако сепак одлучите да летате, еве седум причини зошто Wizz Air е вашиот најзелен избор:
- Патник кој патува со Wizz Air ќе има просечен отпечаток на CO2 од само 57,2 грама по патнички километар (пред-COVID). Кога секоја авиокомпанија би била ефикасна како Wizz Air, европските емисии на CO2 од воздухопловството би се намалиле за 34% преку ноќ.
- Wizz Air не лета со полупразни авиони за да избегне непотребно загадување.
- Wizz Air нема седишта за бизнис класа, што е уште еден пример за непотребни емисии.
- Авиокомпанијата лета само на директни линии. Едно полетување, едно слетување, без летови за поврзување, без дополнително согорување на гориво.
- Wizz Air ја има најмладата, најмодерна флота меѓу конкурентните европски авиокомпании со над 50 авиони.
- Авиокомпанијата користи мотори и авиони од светска класа, од клучно значење за ниски емисии.
- Ниту една од линиите на Wizz Air нема директна алтернатива за воз под четири часа.
Wizz Air е горд што има најниски емисии на CO2 по патнички километар во Европа и е посветен на дополнително намалување на емисии на CO2 за 25% до 2030 година во споредба со 2019 година.
Wizz Air управува со една од најмладите флоти во светот, која моментално се состои од 149 авиони од семејството Airbus А320/1/нео, со просечна старост од 5 години – далеку под просекот во индустријата (околу 10 години). Просечната старост на авионите на авиокомпанијата ќе се намали на 3,6 години до 2024 година, а на 3,2 години до 2026 година, што ќе ја поткрепи континуираната посветеност на авиокомпанијата за одржливост.
József Váradi, извршен директор на Групацијата Wizz Air, изјави: „Wizz Air е амбициозна авиокомпанија со стратегија која се стреми да ја зголеми компанијата на 500 авиони во следната деценија со тоа што ќе продолжи да испорачува прифатливи патувања за сите. Оваа кампања демонстрира како растот и одржливоста може да се постигнат рака под рака и ги поттикнува клиентите да ги бараат фактите и технологијата на денешницата, наместо нејасни ветувања за иднината, при изборот на воздушно патување“.
„Декарбонизацијата на воздушниот сообраќај може да се постигне само преку иницијативи ширум индустријата и ние ја поздравуваме амбицијата на Wizz Air“, рече Julie Kitcher, EVP корпоративни работи и комуникации во Airbus.Wizz Air направи вкупна нарачка за речиси 500 авиони Airbus и управува со флота од над 140, потенцирајќи ја нејзината посветеност да управува со најновите и најефикасните авиони. Работејќи заедно со авиокомпании како Wizz Air и во комбинација со новите технологии на хоризонтот, нашата индустрија прави опиплив напредок кон одржливо воздушно патување“.
За повеќе информации во врска со кампањата за одржливост „Wizz Air – Летај најзелено“ посетете ја: www.wizzair.com/en-gb/greenest.
Поврзани артикли