YouTube почна со тестирање на нова функција наречена Smart Downloads, а се врши на апликација наменета за уреди со Android.
Smart Downloads функционира така што презема 20 клипови секоја недела врз основа на преференциите на корисникот и тоа го прави кога уредот е поврзан на Wi-Fi мрежа. Целта е да се намали потрошувачката на мобилни податоци кога корисникот е во движење и ги гледа омилените клипови.
Новата опција е достапна само за премиум корисниците во Европа и е активирана во поставките. Оние кои сакаат да ја испробаат треба да се регистрираат до 14 февруари, а апликацијата ќе прикаже известување доколку на корисникот му недостасува простор на уредот за преземање клипови.
Сите клипови ќе бидат прикажани во Library табот со останатите преземени клипови.