BMW за 2021 година заврши како најголем производител на премиум автомобили на светот.
BMW и Mercedes веќе со децении водат битка за тронот мешу премиум производителите.
Ова натпреварување е особено важно на американско тло, а минатата година за најпродаван премиум производител во САД прогласен е токму BMW.
Баварците 2021 година ја завршија со 336.644 испорачани возила во САД, што е за 21 отсто повеќе од 2020 година и речиси на нивото од 2019 година.
Со оглед на тоа што во САД, Tesa се води како премиум производтел, со што оваа компанија изби на второ место со 313.400 продадени автомобили на американско тло.
Третата позиција ја зазеде јапонски Lexus, со 304.475 испорачани автомобили, а на четврто место е Mercedes со 276.102 продадени возила.
Audi е петти со 196.038 испорачани возила.
BMW 3 со титула најпопуларен премиум производител се закити и на светско ниво.
Во светот Баварците успеаја да продадат рекордни 2,2 милиони возила. Mercedes е втор со 2,05 милиони испораки, со пад од 5 отсто на годишно ниво.