Концептот на првиот автохтон турски автомобил „Togg“ беше лансиран со цел да се создаде глобален бренд чија интелектуална и индустриска сопственост е 100 проценти турска.
Најмладиот турски производител на автомобили, TOGG, на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас го претстави своето ново концептно возило. Станува збор за таканаречениот Transition Concept Smart Device проект изработен со заеднички сили на турската компанија и Pininfarina.
Сега за сега, не е познато дали оваа нова студија еден ден ќе се претвори во сериски модел или ќе остане само изложбен автомобил од CES 2022. Концептот го прифаќа обликот на голем седан / фастбек со добри пропорции и чист дизајнерски јазик. Предниот дел дели многу визуелни компоненти со првиот сериски модел на TOGG – C-SUV кој ќе се произведува од следната година.
Најинтересната карактеристика на надворешноста се задните врати кои се отвораат во спротивна насока. Кога ќе се отворат, кабината го открива својот распоред со четири седишта со светли бои и електронско прилагодување.
На контролната табла доминира масивен едноделен дисплеј, придвижуван од екосистем за мобилност за „поддржување широк опсег на решенија за мобилност“ што TOGG го нарекува „UseCase Mobility“.
„Двете стрелки во дизајнот на логото претставуваат спој на Исток и Запад, формирајќи скапоцен камен во центарот“, вели Гурџан Каракас, извршен директор на TOGG. „Покрај тоа, нашето лого нагласува дека TOGG е технолошка компанија која ги поврзува технологијата и луѓето денес и утре преку своите решенија за мобилност кои го подобруваат животот“.