Богатството на Елон Маск во првата недела од јануари осцилира, така што за само неколку дена заработил, а потоа изгубил речиси 30 милијарди долари.
Според Форбс, извршниот директор на Tesla сега е „тежок” 271,5 милијарди долари, а пред само три дена, поради скокот на вредноста на акциите од 13,5 отсто, неговото богатство беше проценето на повеќе од 300 милијарди долари, за првпат од ноември.
Форбс, сепак, наведува дека неговата заработка „како дошла, така и отишла”. Маск изгуби 13,9 милијарди само во средата и уште 5,3 милијарди денеска.
На затворањето на берзата, акциите на Tesla вредеа 11 отсто помалку отколку во понеделникот, кога беа на врвот.