Honor во понеделник ќе го лансира својот прв смартфон што се преклопува, а денес цената на телефонот беше забележана во пробното лансирање. Варијантата од 12/256 GB ќе чини приближно 2.200 долари, а ќе има и верзија од 12/512 GB за 2.350 долари.
Magic V ќе биде и првиот телефон на Honor со Snapdragon 8 Gen 1 чипсет, најновата врвна платформа на Qualcomm. Извештаите велат дека ќе има главна камера од 50 MP, Android 12 и брзо полнење до 66 W.
Ако цената е реална, тогаш Honor Magic V би бил поевтин од Samsung Galaxy Z Fold3 и Huawei Mate X2, но и многу поскап од Oppo Find N и Xiaomi Mix Fold – сите овие уреди се натпреваруваат директно еден против друг на кинескиот пазар.
Сè уште чекаме потврда дали овој уред ќе избега од домашната сцена и ќе пристигне низ Фсветот. Ако тоа се случи, конечно би можело да има вистински предизвик за Samsung Galaxy Z Fold линијата.