Samsung ќе го врати стандардот за полнење од 45 W на своите паметни телефони, почнувајќи од Galaxy S22 Ultra, открива дојавувачот Роланд Квант. Тој сподели фотографија од новиот PD полнач со број на модел EP-T4510, кој очигледно ќе се продава одделно.
Патниот полнач доаѓа со USB-C на USB-C кабел во малопродажното пакување, според протечената фотографија.
Доколку информацијата е точна, тоа би значело дека повторно ќе видиме Galaxy смартфон со 45W полнење. Последниот беше Galaxy S20 Ultra, претставен во февруари 2020 година. Тогашниот полнач од 45W едвај направи разлика во брзините на полнење во споредба со 25W.
Актуелниот адаптер од 45W изгледа многу слично и доаѓа со USB-C на USB-C кабел. Главната разлика однадвор е помалата големина на претстојниот EP-T4510 во споредба со сегашниот EP-TA845XBNG. Вклучениот кабел ќе биде долг 1,8 метри, што е подолго од сегашниот кабел од 1 метар.
Сегашниот адаптер од 45W се продава за 50 долари, па очекуваме слични цени и за неговата замена.