Xiaomi 12 серијата беше лансирана во Кина на 28 декември со дисплеи со брзина на освежување од 120Hz, новиот Snapdragon 8 Gen 1 чипсет на Qualcomm и повторно ажурираните чипсети Snapdragon 870. Иако Xiaomi допрва треба официјално да објави кога ќе го видиме глобалното претставување на новите смартфони, познат типстер доносува информации дека тоа би можело да се случи од средината на февруари до почетокот на март, што сугерира дека MWC 2022 би можел да биде местото на одржување.
Наводниот меѓународен датум на лансирање доаѓа преку Mukul Sharma, и ако е вистина, тоа би значело дека Xiaomi 12 серијата ќе биде лансирана нешто подоцна од серијата Mi 11 во текот на 2021 година.
[Exclusive] Xiaomi 12 Series May Launch Globally In Feb/March.https://t.co/ceCzR5kj0T
— Mukul Sharma (@stufflistings) January 3, 2022
Моментно, новиот асортиман се состои од Xiaomi 12, 12 Pro и 12X, а четвртиот 12 Ultra со посилни спецификации наводно е најавен во Кина кон средината или крајот на февруари, според дојавувачот Digital Chat Station. Очекуваме Xiaomi 12 Ultra да има поголем екран со подобрени карактеристики на камерата, како што е супер-телефото перископ леќата, пренесува TalkAndroid.
Периодот февруари-март ќе биде важен месец за Xiaomi, и на локално и на глобално ниво со најави за својата Xiaomi 12 серија паметни телефони.
Поврзани артикли