Празниците се вистински момент за дарување, а компанијата Mozzart во овој период особено се труди да помогне таму каде што е најпотребно. Во пресрет на Нова година, хуманитарниот караван на оваа општествено одговорна компанија посети многубројни установи ширум Македонија, а покрај новогодишните пакетчиња за најмалите, донација пристигна и во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.
Претставниците на регионалниот лидер во приредување игри на среќа ја посетија оваа здравствена установа и им врачија техничка опрема за одделенијата во кои секојдневно престојуваат голем број деца.
Телевизорите ќе им овозможат да гледаат цртани филмови и ќе им го олеснат престојот во болницата.
“Огромна благодарност до компанијата Mozzart, со донирањето телевизори ни самите не се свесни колку голема радост ќе предизвикаат кај сите дечиња кои ќе имаат потреба да се лекуваат на детската клиника и кои дефинитивно сакаат болничките соби да ги претворат како свои.“ – нагласи Директорката на Универзитетската клиника за детски болести, Аспазија Софијанова.
Mozzart и во текот на оваа година помагаше во здравствениот систем на Македонија, а донациите беа упатени во повеќе установи.
“Во текот на празниците се трудевме повеќе да помогнеме на бројни здруженија и установи, а посебно задоволство ни претставуваше да измамиме насмевки од најмалите. И во 2022 година ја продолжуваме нашата мисија за општествена одговорност.” – нагласи Менаџерот за корпоративни процеси во Mozzart, Мики Златески.