Американските центри за контрола и превенција на болести спровеле истражување со кое утврдиле дека симптомите по зараза со омикрон варијантата на коронавирусот се јавуваат по три дена.
Омикрон кој има поголема заразност и поблаги симптоми има и пократок период на инкубација во однос на делта и на другите варијанти на вирусот. Симптомите на другите соеви коронавирус се јавуваат во просек по пет дена од заразувањето.
Резултатите од истражувањето се објавени во седмичниот извештај за новозаразените и за смртните случаи.
Во истражувањето учествувале шест лица од едно домаќинство за кои имало сомнеж дека се заразени, само едно од овие лица било потполно вакцинирано.
По секвенционирањето на примероците констатирано е дека сите се заразени со омикрон. ЦДЦ потоа докажале дека сипмтомите се појавиле по три дена.
И институтот за јавно здравје на Норвешка ги анализирал симптомите кај 111 луѓе кои пристутвувале на божиќна забава. Најголемиот дел од луѓето биле поотполно вакцинирани, а 73 проценти биле заразени со омикрон. Никој не бил посериозно болен, а симптомите се појавиле по три дена.
Поврзани артикли