Научниците открија антитела кои го неутрализираат омикрон, но и другите соеви на коронавирусот.
Научниците пронајдоа антитела кои делуваат на непроменетите делови на новиот сој на коронавирусот, а кои би можеле да помогнат во неутрализирање на омикрон, но и на другите варијанти на Ковид-19.
„Тоа што го идентификуваа „широко ги неутрализираа“ антителата на „спајк“ протеинот на вирусот, преку кој вирусот влегува во човековите клетки, може да помогне во развојот на подобри вакцини и антитела кои ќе бидат ефикасни не само против омикрон сојот, туку и против идните варијанти на коронавирусот“, изјавил Дејвид Вислер од Универзитетот во Вашингтон.
„Ова откритие ни говори да се фокусираме на антителата кои целат на одредено место на спајк протеинот и дека можеме да пронајдеме пат да ја надминеме континуираната еволуција на коронавирусот“, додал тој.
Досега студиите покажале дека омикрон сојот има 37 мутации на спајк протеинот, што делумно објаснува зошто вирусот толку брзо се шири, ги инфицира и луѓето кои се вакцинирани, но и оние кои претходно ја прележале болеста.
Поврзани артикли