Францускиот производител на автомобили Citroen денеска ја повлече рекламата што се емитуваше во Египет, во која се појавува поп ѕвездата Амр Дијаб, а корисниците на социјалните мрежи обвинија дека промовира сексуално вознемирување.

Компанијата соопшти дека не толерира каков било облик на вознемирување и им се извини на сите кои биле навредени.

Во реклатата Дијаб ја користи камерата од својот автомобил да фотографира жена која преминува улица, очигледно без нејзина дозвола, а подоцна се возат заедно.

Новинарката Рим Абделатиф реклата ја оцени како „морничава“.

Писателката Амал Алхарити на Twitter напиша дека е поразувачки што целата екипа што учествувала во креирање на спотот не сфатила дека со тоа повредува нечии права.

Во коментар на Instagram, Citroen Egypt предупреди дека мажите кои ја гледаат рекламата може погрешно да разберат дека несаканото фотографирање на жена може да доведе до средба, додека во реалноста би можеле да бидат осудени на затворска казна.