Претставници на иранското Министерство за одбрана соопштија дека земјата денеска лансирала ракета во вселената со носач кој содржи три истражувачки уреди.
Во извештајот на иранската државна телевизија се вели дека сателитскиот носач Simorgh и три истражувачки уреди биле испратени на височина од 470 километри.
Иранската новинска агенција IRNA го цитираше портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Ахмад Хосејни, дека лансирањето поминало без никакви проблеми и дека се постигнати посакуваните цели.
„Во оваа мисија за истражување на вселената, за прв пат истовремено беа лансирани три истражувачки уреди“, рече портпаролот.
#Tehran launches rocket into space in provocative move amid talks#Iran #ISS #SimorghRockethttps://t.co/qlARnaBvtm pic.twitter.com/oLoqgJxNeF
— World News Network (@worldnewsdotcom) December 30, 2021
Иако Иран неодамна инвестираше значителни средства во развојот на вселенската програма, земјата претрпе голем број назадувања во овој сегмент.
Во текот на изминатата деценија, Иран испрати неколку сателити во вселената, а во 2013 година, како дел од развојот на вселенската програма, иранските власти „испратија“ мајмуни во вселената.
Последната вселенска активност на Иран доаѓа неколку дена откако тамошните медиуми објавија дека иранската вселенска програма има четири сателити подготвени за лансирање, од кои едниот е сателитот за снимање Zafar 2 во ниската орбита што моментално се наоѓа во „финалните подготовки“.
Поврзани артикли