Министерството за одбрана на Русија патентираше мало беспилотно летало кое има способност да ја полни батеријата на далновод.
Описот на изумот е објавен на сајтот „Роспатент“.
Дронот е проектиран во Тјуменската воено-инженерска школа „Маршал Прошљаков“. Тоа е мултикоптер, во чиј долен дел има струјни штипки и расклоплив кружен магнетен калем.
Мультикоптер с подзарядкой от ЛЭП. Фото: https://t.co/K4HfUF1HTs pic.twitter.com/SmM7fDv8Ba
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) December 27, 2021
Контролорот на управувањето со моторите на апаратот е подесен така што вклучувањето на моторите во висечка положба се реализира во фази во зависност од неговата положба во однос на далноводот. Тоа овозможува вртење на апаратот во однос на проводникот пред раздвојувањето на штипките, се наведува во образложението на патентот.
Извор: Russia Beyond