„Ова не е лесно да им се пренесе дури ниту на оние кои го прифатиле фактот дека животот без коронавирусот е невозможен“, напишал професор Балу.
Професорот Франсоа Балу, генетичар и директор на Институтот за генетика во Лондон се огласил на социјалната мрежа Твитер и напишал дека на крај секако сите ќе се заразат со коронавирусот и тоа во блиска иднина и веројатно повеќепати во текот на животот.
„Ова не е лесно да се пренесе ниту на оние кои го прифатиле фактот дека животот без коронавирусот е невозможен. Можете да облечете заштитно одело, да носите N95 маска или било што, но во оваа фаза, единствено што ќе постигнете е да го одложите времето додека не се заразите и со тоа незначително да ја продолжите пандемијата“, напишал Балу.
„Заштитата на вакцината не е голема, но заштитата од тешките симптоми, хоспитализација и смрт е одлична, вклучувајќи ја заштитата и против омикрон сојот. Исто така нема морална одговорност доколку се разболите од респираторен вирус, во ред е, тоа е животот кој понекогаш не е фер“, истакнал тој, па додал:
„Не сум воодушевен што најавувам дека коронавирусот ќе стане ендемски вирус, а во идеалниот свет пожелно е да можеме да избегнеме уште еден респираторен вирус кој кружи во заедницата, но светот едноставно не е идеален“ објаснил Балу.
Како што вели тој, верува дека е време вирусот да се предаде:
This is not an easy message to convey, even to those who have have already accepted that zero-covid was toast. Essentially everyone will eventually get infected by SARS-CoV-2 in the near future, and likely more than once in their lifetime.
1/— Prof Francois Balloux (@BallouxFrancois) December 27, 2021
„Стапката на вакцинација на многу места е речиси највисока, освен тоа има и неколку лекови. Сепак преправањето дека сè држиме под контрола на некој начин скапо чини.
Да разјасниме, иако верувам дека ние како општество треба да се обидеме да се избориме со пандемијата брзо, не би сакал да диктирам нечие однесување и целосно го почитувам тоа што на некои ќе им биде потребно повеќе време за повторно да се чувствуваат подготвени да продолжат „нормално“ да живеат“, заклучил тој.