Онлајн панел дискусија за компании и студенти насловена „Tвојата кариера во 2022 година” ќе се одржи попладнево.
Според организаторите на настанот, на панел дискусија ќе учествуваат компании од повеќе градови од земјава, кои ќе им одговараат прашања на студентите во врска со нивната кариера за новата 2022 година.
Целта на настанот е поврзување на студентите и компаниите и нудење одгoвори на прашања од студентите со цел успешно започнување на нивната кариера во новата 2022 година. Воедно настанот претставува можност студентите да ги запознаат компаниите, и нивните кариерни можности, односно што се очекува од нив и кои се нивните барања