Јапонски професор развил прототип на ТВ-екран кој може да се лиже и кој може да имитира различни вкусови на храна, што наводно е уште еден чекор кон создавање мултисензорно искуство на гледање.
Уредот наречен „Taste the TV“ (TTTV) користи 10 канистри со различни вкусови кои во различни комбинации создаваат вкус на одредена храна. Примерокот на вкусот потоа се нанесува на површината на екранот за да може гледачот да го „вкуси“ јадењето претставено на телевизорот.
Во време на пандемија, овој тип на технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, вели Хомеј Мијашита, професор на Универзитетот Меиџи во Токио.
Мијашита вели дека направил прототип на TTTV во текот на минатата година и дека правењето комерцијална верзија би чинело околу 700 долари.
Потенцијалната употреба на оваа технологија би можела да биде за курсеви на далечина за готвачи и сомелиери, или за разни игри и квизови за дегустација, вели професорот.
Поврзани артикли