Шведскиот стартап Епицентар, осмислил чип со кој ковид потврдата може да се носи под кожа.
Чипот може да се очитува со било која направа со помош на NFC модулот (Near Field Communication), техноогија која се користи за бесконтактно плаќање или за отворање врата без клуч.
„Чиповите се многу приспособлива технологија која може да се користи за различни работи, а моментно е многу едноставно да се има ковид-потврда која е секогаш достапна“, изјави директорот на Епицентар, Ханес Сјобланд.
Тој демонстрираше како се имплантира микрочипот под кожата или во раката меѓу палецот и вториот прст. Микрочипот е со големина на зрно ориз.
Вработените во Епицентар ги корустат чиповите уште од 2015 година. Со нивна помош тие едноставно отвораат врати, пазаруваат или се идентификуваат на работното место.
Поврзани артикли