Љубителите на носечките уреди и паметни часовници ќе ги израдува веста дека сме веројатно оддалечени само неколку месеци од објавата на првиот паметен часовник под Google брендот. По првичните гласини и протечените маркетиншки материјали, новиот извештај ни дава увид во тоа што можеме да очекуваме од Google Clock, вклучувајќи го името, софтверските карактеристики, па дури и увид во самиот хардвер.
Новите гласини велат дека Google во овој случај нема да го користи брендот Fitbit (од кој исто така се очекува да биде Wear OS уред во иднина), но дека ниту Pixel Watch името не е 100 проценти сигурно. Новите детали откриени од 9to5Google велат дека Google апликацијата на Android содржи референца за „PIXEL_EXPERIENCE_WATCH“, што укажува на тоа дека е веројатно Pixel брендирањето. „Experience” ознаките обично укажуваат на ексклузивни карактеристики, па се чини дека часовникот ќе ги следи стапките на телефонот како Pixel 6. Кои всушност би требало да бидат овие ексклузивни можности? Се уште не е познато какво ќе биде корисничкото искуство – впрочем не е познато ни како изгледа Wear OS 3 без Samsung One UI интерфејсот, но веројатно е дека часовникот ќе пристигне со нова верзија на Assistant и ќе овозможува гласовни команди и пребарување директно од часовникот.
It's a version of the chip in the Watch4 right now. Also Samsung made. Also 5nm.
Could just straight up be same chip but likely google rebranded. Either way, Samsung made 5nm. https://t.co/UhK5OzFXn2
— Max Weinbach (@MaxWinebach) December 21, 2021
Што се однесува до името, „Pixel Watch“ или некоја негова варијација секако има смисла за да се задржат мобилните уреди под единствен бренд. Дополнително, Google конечно почна посериозно да го сфаќа хардверот со објавувањето на своите флегшип телефони, а претходните гласини укажуваат на сличен правец и со паметниот часовник.