Како што старееме, многу е важно на телото да му обезбедиме доволна количина на витамини, минерали и хранливи материи. Доколку се јави дефицит од нешто од наведеното, организмот започнува да пати.
Улогата на селенот во зачувување на здравјето е голема, а доколку не се внесува редовно, се јавуваат здравствени проблеми.
Селенот е многу моќен антиоксидант кој штити од слободни радикали. Истражувањата покажуваат дека селенот помага во превенција на рак, срцеви болести, ревматоиден артритис, астма и други хронични болести.
Позитивно влијае на менталното здравје и расположението бидејќи утврдено е дека лицата со ниско ниво на селен во крвта се склони на депресија.
Селенот е клучен играч кога станува збор за стареењето бидејќи најмногу влијае на штитната жлезда. Тој помага во производство на хормони на оваа жлезда и го штити органот од штетниот оксидативен стрес. Истражувањата покажуваат и дека овој минерал е корисен за оние кои имаат тироидни проблеми.
Всушност, тешко е да се воочи недостатокот на селен во телото, но ова се некои од најчестите симптоми:
– не функционирате како вообичаено
– постојано сте уморни
– нервозни сте
– имате проблем со штитната жлезда
– нагло се дебелеете
– чувствувате слабост во мускулите
– имате синдром на „мозочна магла“ (расеани сте и немате концентрација)
– ви опаѓа косата
– имунитетот ви е слаб
Како да внесувате доволно селен?
Помеѓу најдобрите природни извори на овој минерал се бразилските ореви, печурките шитаке, рибите како сардела, туна, лосос, скуша и харинга, морските плодови (школки, јастог) и житарици од цело зрно (овес, јачмен, кафеав ориз).
Значајна количина на селен содржат и лукот, телешкиот џигер, јагнешкото, мисиркиното и пилешкото месо, полномасното млеко, семките од сончоглед, брокулата, боранијата и киселата зелка.