Изградбата на патнички и товарни авиони не е евтина работа. Цената на еден таков авион може да порасне и до неколку стотици милиони долари, во зависност од опремата и желбите на купувачот.

Но, Boeing има интересни планови за производство на авиони во иднина. Како што е откриено во нивните бизнис планови, тие планираат да создадат виртуелна фабрика за авиони која ќе биде видлива во виртуелната реалност со помош на HoloLens на Microsoft.

Фабриката за Boeing на иднината треба да има извонреден 3Д дизајн кој ќе биде поврзан и ќе може да комуницира со роботи. Имено, Боинг сака да го обедини дизајнот, производството и операциите на авиокомпаниите во еден екосистем. И сето тоа во следните две години.

Во превод, Boeing сака да направи тродимензионална виртуелна верзија на својот авион и производствена линија за да може да спроведува различни симулации. Ова треба да им овозможи да ја снимат секоја информација за потеклото на авионот – од идејата, барањата на авиокомпаниите, до милионите делови што го сочинуваат авионот и илјадници страници документи за сертификација. Ова во голема мера би ја променило досегашната практика на следење на секој чекор во производството со сеопфатна хартиена документација.

Izvor: Zimo.hr