Производите кои го загреваат тутунот и електронските цигари можат во голема мерка да придонесат за подобрување на јавното здравје и квалитативно да влијаат врз животите на милиони пушачи ширум светот. Затоа е потребно да се овозможи нивна широка примена – беше порачано од неодамна одржаниот виртуелен Самит за електронски цигари, кој собра голем број научници и здравствени експерти од целиот свет.
Дебора Робсон, виш предавач за намалување на штетите од тутунот на Кралскиот колеџ во Лондон, изнесе податок дека во последната година, само 9 отсто од вкупно 37 проценти пушачи, кои во последната година се обиделе да ги остават цигарите – во тоа и успеале. Преведено во бројки, тоа значи, дека од 100 пушачи, 91 лица не сакале или не можеле да ги остават цигарите. „Од аспект на контролата на тутунот, исклучително е добро што девет од сто пушачи успеваат да се откажат од пушењето цигари. Сепак, мора да се запрашаме што ќе правиме со оние 91 што не успеале во тоа“, вели Робсон и укажува на значењето на промоцијата на помалку штетни алтернативи и прифаќање поинаква политика за контрола на тутунот.
„Постојат многу побезбедни начини за употреба на никотинот, со што се избегнува огромниот ризик кој настанува како последица од чадот од тутунот и штетните материи кои се наоѓаат во него, а кои се продуктна согорување“, истакна Клајв Бејтс, поранешен директор на Британската акција за пушење и здравје и додаде дека производите што го загреваат тутунот може да доведат до брзо намалување на конзумацијатана цигари.
Водечките светски здравствени институции го отежнуваат патот во светот без тутунски чад
Бејтс наведува дека водечките здравствени институции се залагаат за забрана на е-цигарите и производите што го загреваат тутунот, предупредувајќи на далекусежните негативни последици од вакватаполитика.
„Светската здравствена организација ја промовира забраната и ги наградува оние кои ги спроведуваат тие забрани, како што е наградата на индискиот министер за здравство, откако оваа земја воведе закон за забрана на цигарите. Тука немаше евалуација дали ова е успешна, добра идеја, ниту пак знаеме какви се последиците. Тоа беше награда за легислативата, политиката е она што е битно. „Тоа е уште полошо од обичната прохибиција, тоа е како да сте им забраниле употреба на чисти игли на лицата кои користат наркотици – всушност забранувате нешто што има здравствени придобивки“, рече Бејтс.
Д-р Карл Е. Лунд, виш истражувач на Норвешкиот институт за јавно здравје укажа на ставовите на дел од експертската јавност која не ги поддржува помалку штетни алтернативи, поради прашањата за нивната ефикасност кога станува збор за „излекување“ од пушењето, како и поради фактот дека , иако ја трансформираа тутунската индустрија, современите уреди предизвикуваат зависност, бидејќи содржат никотин.
Лунд не оспорува дека тие предизвикуваат зависност, но укажува на битната разлика во споредба социгарите – последиците по здравјето на конзументот. Имено, тој истакнува дека алтернативните тутунски производи, засновани на науката, носат многу помали здравствени ризици од пушењето и согорувањето на тутунот.
Надоврзувајќи се на овој став, Клајв Бејтс понатаму укажа дека не се работи за тоа да се елиминира никотинот, туку да се овозможи неговото конзумирање на помалку штетен начин. „Имаме главна иновација во начинот на кој може да се конзумира никотинот, која почива на технологијата на загревање, а не на согорување на тутунот, при што се создава аеросол“, кој битно се разликува од чадот од тутунот. „Луѓето го споредуваат со еволуцијата во автомобилската индустрија и транзицијата од бензински мотори наелектрични возила, револуција во областа на енергетиката од фосилни горива до обновливи извори на енергија“, наведе Бејтс.
Концепт за намалување на штетноста – прилика или закана?
Учесниците на Самитот се согласија дека кога станува збор за концептот за намалување на штетноста, одреден број научници од областа на контрола на тутунот се во „очајна потрага по штета“. Причината за тоа, како што наведуваат, лежи во тоа што без штетноста, не би имало ни контрола на тутунот, и укажуваат на војната која се води против тутунската индустрија, за која велат дека претставува важен актер во борбата против класичните цигари и тутунскиот чад.
„Оваа војна го загадува целиот овој простор и не оддалечува од објективниот и рационален поглед на областа на јавното здравство. Ако сме убедени дека ова што го прави индустријата е априори лошо, тогаш како е можно да сакаме да ја намалиме штетата? Бидејќи, токму компаниите од тутунската индустрија ќе обезбедат производи со редуциран ризик“, беше истакнато на Самитот.
Научниците истакнаа дека е потребно да се разбере концептот на намалување на штетите и дека неговиот фокус е на позитивните промени, во чиј центар се сите пушачи. Покрај знаењето, вештините и ресурсите со кои располагаме во борбата против тутунскиот чад, неопходен е и глобален консензус за соодветно справување со сите предизвици во областа на контролата на тутунот, заклучуваат тие
Поврзани артикли