Организацијата UAPx која ги истражува неидентификуваните летачки објекти НЛО и неидентификуваните воздушни феномени наскоро јавно ќе објави нови податоци за НЛО.
„Кога тоа ќе биде легално, UAPx на јавноста ќе ги открие нашите анализирани податоци, како и новите податоци. Тоа ќе го сториме откако ќе пронајдеме сервери адекватни за оваа задача. Сметаме дека нашиот тим собра, обработи и ја анализираше најважната колекција на научни податоци кои се однесуваат на НЛО. Користена е научна методологија за собирање податоци која овозможи стручни анализи и рецензии кои можат да се објават во едно или повеќе научни списанија“, соопштија од организацијата.
Овие податоци вклучуваат повеќе од 600 часа инфрацрвени снимки со FLIR камери, вкупно 3 TB материјали кои ги снимиле многубројните камери. Анализите открија значителен број на аномалиски објекти и феномени коишто се истражуваат пред да бидат објавени јавно.
Новите информации би можеле да бидат конечен доказ за постоење на НЛО.
Извор: Klix.ba