Motorola на настан во Кина го претстави Moto Edge X30, најновиот флегшип паметен телефон на компанијата.
Смартфонот доаѓа со 6,7-инчен (2400×1080 пиксели) OLED, 10-битен дисплеј со DCI-P3 опсег на бои и HDR10+, стапка на освежување од 144 Hz, стапка на предизвикување допир од 574 Hz и се напојува со Snapdragon 8 Gen чипсет со поддршка за 5G SA/NSA. Има главна камера од 50 MP, ултра широкоаголен објектив од 50 MP со макро опција и сензор за длабочина од 2MP.
На предната страна има камера од 60 MP. Телефонот пристигнува со страничен скенер за отпечатоци вграден во копчето за вклучување, има Corning Gorilla Glass 5 заштита на предната и задната страна и поседува батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 68W TurboPower што може да се наполни до 50 проценти за 13 минути.
Новите безжични можности ви дозволуваат да ги преместите игрите од вашиот телефон на големиот екран, да се чувствувате како да сте во соба за време на видео повик или да ги користите вашите апликации на екранот на десктопот. Новата функција Ready For PC ви овозможува веднаш да го поврзете вашиот компјутер со 5Г мрежите, да споделувате фајлови и да го користите телефонот како веб-камера на истиот екран.
Moto Edge X30 чини 501 долар за верзијата со 8GB RAM и 128GB простор за складирање, 533 долари за моделот со 8GB + 256GB и 564 долари за верзијата со 12GB RAM меморија и 256GB простор за податоци.
Покрај стандрадниот Edge X30, Special Edition Moto Edge X30 со камера под екранот од 60 мегапиксели ќе чини 595 долари.