Извршниот директор на Apple, Тим Кук вложил огромни средства да ја задржи компанијата пред конкуренцијата на кинескиот пазар.
Веб-сајтот Information објави подолг извештај, со детали кои укажуваат на напорите на извршниот директор на Apple, Тим Кук да воспостави силни односи меѓу Apple и кинеските власти и агенции.
Повикувајќи се на интервјуа и директен пристап до внатрешните документи на Apple, извештајот укажува на договор од 275 милијарди долари, што сугерира дека Apple прави голема инвестиција во технолошка инфраструктура и обука во Кина.
Необврзувачкиот, петгодишниот договор на Кук е потпишан за време на посетата на Кина во 2016 година, а тоа се случи делумно за да се ублажат или спречат регулаторните дејствија од страна на кинеската влада кои би имале значителни негативни ефекти врз бизнисот на Apple во таа земја.
Освен тоа, Apple вети дека ќе користи повеќе компоненти од кинески добавувачи во своите уреди, ќе склучува договори со кинески софтверски компании, ќе соработува во областа на технологијата со кинески универзитети и ќе инвестира директно во кинески технолошки компании… Apple ветил дека ќе инвестира многу повеќе милијарди долари „во споредба со она што компанијата веќе го троши во Кина годишно“. Дел од тие пари би биле наменети за изградба на нови малопродажни објекти, центри за истражување и развој и проекти за обновливи извори на енергија, како што е наведено во договорот.
До денес, Apple во голема мера го почитувал својот дел од договорот, а во извештајот се опишуваат и исклучителни случаи кога Apple има корист од договорот и успешно ги заобиколувал ограничувањата, што инаку би биле наметнати на странски компании во Кина.
На пример, клучевите за шифрирање на корисничките податоци на iCloud за регионот се контролирани од Apple, и покрај напорите на владата да ги „охрабри, притиска или принудува“ странските компании да ја предадат одговорноста за тие податоци на кинеските компании. Од друга страна, обврската на Apple да се придржува кон регулативите и регулаторните политики на кинеската влада е дел од договорот, а Apple често ги исполнуваше барањата за отстранување на апликации и содржини кои беа спротивни на приоритетите и целите на државата.
Apple има подобри резултати во Кина од повеќето конкурентни американски технолошки компании, а во извештајот се наведува дека тоа е постигнато најмногу благодарение на лобирањето на Тим Кук, потпишувањето договори и градењето добри односи.
Во извештајот на сајтот „The Information“ се истакнува дека кинескиот пазар учествува со 19 отсто во вкупната продажба на компанијата Apple, што е четири отсто повеќе од само една година порано. Исто така, Counterpoint Research неодамна објави статистика дека Apple станал најголемиот бренд за паметни телефони во Кина.
Извор: B92.net