Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата и да работат од 9 до 17 часот, а повеќе од половината анкетирани велат дека се попродуктивни додека работат од дома, се наведува во анкетата што денеска е објавена.
Но, и „хибридната работа“, што е микс од работа од дома и од канцеларија, исто така, има свои недостатоци, а повеќе од една четвртина од испитаниците веруваат дека работат постојано или работат до доцна во ноќта, според истражувањето нарачано од Samsung Electronics и Future Laboratory.
Истражувањето опфатило 14.000 лица ширум Европа и покажа дека 83 отсто од вработените бараат поголема поддршка од работодавачот за постигнување рамнотежа меѓу работата и животот.
Според Евростат, во 2020 година, околу 12 отсто од вработените во Европската унија работеле од дома, во споредба со пет отсто пред пандемијата.
„Работодавачите сега мора внимателно да размислат како да одговорат на предизвиците на модерниот хибриден живот, изјави потпретседателот на Samsung“, Бенџамин Браун.
Две третини од Европејците изјавиле дека направиле или планираат да направат прилагодувања во домот за да го олеснат хибридниот живот, така што решиле да си направат домашни канцеларии, додека 41 процент од нив одлучиле да се преселат.
„Технологијата веројатно ќе го следи нашето ментално здравје и среќа, како и физичкото здравје, а паметните уреди ќе станат наши асистенти“, вели Меик Викинг, извршен директор на данскиот институт за истражување на среќата, што соработува со Samsung на полето на иднината на работата.
Поврзани артикли