Android 12 е достапен на Google Pixel телефоните веќе речиси два месеца, па дури и Samsung покрена стабилно ажурирање на пет од своите флегшип уреди. Сега OnePlus се приклучува на конкуренцијата со стабилно ажурирање за Android 12, кое веќе доаѓа до некои сопственици од OnePlus 9 серијата.
Од денес достапен за некои корисници, Android 12 за OnePlus 9 серијата ја носи OxygenOS 12, најновата верзија на скинот на овој бренд, која е направена во тесна соработка со Oppo. Воведувањето на ажурирањето го забележаа некои корисници на Telegram кои снимија линкови за преземање за OTA во Индија.
Бидејќи ажурирањето е веќе достапно за некои корисници, прашање на време е кога ажурирањето ќе стане целосно официјално.
Ова ажурирање на OxygenOS очигледно е повеќе инспирирано од ColorOS на Oppo, со стандарден Launcher што работи слично како оној телефоните од брендот Oppo, со други системски поставки кои ја следат истата шема.
Сепак, ова не значи дека OnePlus не носи ништо ново во ова ажурирање. Додадени се повеќе контроли за темниот режим со режимите „Soft“, „Среден“ и „Подобрен“ кои се применуваат на системот и ги бираат апликациите.
OnePlus ја претстави и функцијата наречена „Инвентивни позадини“ која може да создаде апстрактен дизајн од вашите слики. Другите промени вклучуваат поголема контрола на OnePlus Shelf, Private Safe, новата апликација Notes, ажурирања на режимот Zen и неодамнешниот Task Manager за управување со апликациите, кои можат да се „заклулат“ во меморијата.