Марк Цукерберг преку објава на Facebook вчера соопшти дека WhatsApp ја воведува долгоочекуваната опција за „минливи“ пораки, односно пораки што исчезнуваат, со што ги подобрува стандардите за приватност на платформата во сопственост на Meta.
Корисниците на WhatsApp сега можат да изберат да исчезнат сите нови пораки што ги испраќаат или примаат – бидејќи најголемиот сервис за пораки во светот ја проширува својата понуда на она што извршниот директор го опиша како следен стандард за приватност.
Платформата во сопственост на Facebook, односно Meta, која ја користат повеќе од 2 милијарди луѓе ширум светот, во понеделникот откри опција која им овозможува на корисниците по default да ја овозможат функцијата за „минливост“ на сите нови разговори. Пред ажурирањето во понеделник, корисниците мораа рачно да овозможат исчезнување за секој нов разговор со друго лице.
WhatsApp, исто така, им дава можност на корисниците нивните пораки да исчезнат по 24 часа или 90 дена.
„Денес воведуваме нова опција за исчезнување на пораките на WhatsApp, па така можете да изберете стандардно да исчезнат сите нови разговори по 24 часа, 7 дена или 90 дена. Не треба сите пораки да останат засекогаш“, напиша Закерберг.
Пораките ќе исчезнат по одредено време доколку некој од членовите кои учествуваат во разговорот ја овозможил опцијата за исчезнување, рече тој.
Се чини дека минливоста е во фокусот на WhatsApp бидејќи работи на проширување на понудата и подобрување на стандардите за приватност.
„Приватноста отсекогаш била во срцето на WhatsApp. Лансиравме end-to-end енкрипција и го поставивме како стандардно долго пред да стане еден вид стандард во разменувањето пораки“, рече Зафир Кан, шеф на финални производи во WhatsApp.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли