Очекуваме дека Realme 9 серијата ќе биде лансирана некаде во јануари 2022 година со најмалку четири модели. Еден од нив е Realme 9i и неговите главни спецификации неодамна протекоа преку ThePixel.vn, а ги потврди доверливиот дојавувач Чун на Twitter.
Ова вклучува LCD екран со брзина на освежување од 90 Hz со резолуција FHD+ и Snapdragon 680 чипсет претставен претходно во октомври. Изграден е на 6nm процес и има 4G LTE модем, Krio 265 CPU јадра и Adreno 610 GPU. Протечените рендери покажуваат и систем на тројна камера на задната страна со шпекулации за главен сензор од 50 MP. Екранот има отвор за селфи камера сместена во левиот агол.
Се очекува Realme 9 серијата да донесе уште најмалку три модели паметни телефони – Realme 9, Realme 9 Pro и флегшип Realme 9 Pro+/Max уредот.