Емотиконите, или попознати како смајлиња, се веќе редовен дел од нашата неформална онлајн комуникација.
Според New York Times, пандемијата влијаела на сите аспекти на животот, од модата до храната, но една работа останала иста – емотиконите што ги испраќаме.
Според конзорциумот Unicode, девет од десет од најуптребуваните во 2019 година, која беше последната година со објавена листа, се повторуваат во 2021.
Red Heart е на второто место, додека број еден не ги изненади експертите.
Генерацијата Z го мрази, но емотиконот што плаче од смеење бил најчесто користениот изминатава година.
„Многу луѓе можат да се поистоветат со тоа, дури и ако статистиката не изгледа сосема исто ако ја прашате генерацијата Z“, вели Александар Робертсон, истражувач на Google.
Гледано од аспект на платформите, ситуацијата е нешто поинаква. Смеење до солзи е на второ место на Twitter, додека расплаканите емотикони се на прво место.
Во прилог на нивната флексибилност зборува и фактот што огромното мнозинство од стандардните 10 останаа во употреба и покрај пандемијата.
„Ова покажува дека не мораме да комуницираме со широк опсег на термини, како и многу специфични концепти“, вели креативниот директор на Google, Џенифер Даниел, која понатаму објаснува дека не ни требале емотикони за COVID-19.
Интересното што го открива статистиката е дека емотиконот за микроби скокна во употреба од 1.086 на 477 место, но не беше меѓу најкористените.
„Имаме уште многу на што да се смееме и да плачеме, без разлика дали се работи за пандемија или не“, рече таа.
Извор: Klix.ba