Шпионски софтвер на израелската компанија НСО Група (NSO Group) бил користен од наводно непознато лице за хакирање на телефоните на најмалку девет вработени во американскиот Стејт департмент, јавија израелските медиуми.
Доколку тоа се потврди, ова ќе биде првпат технологијата на таа компанија, која беше жестоко критикувана, да се користи против американски официјални лица.
Цел на хакирањето биле вработени во Стејт департментот кои работеле во Уганда или експерти за таа источноафриканска земја и сите користеле iPhone.
Израелските медиуми потсетуваат дека Apple минатата недела соопшти дека ја тужи НСО Групата затоа што нејзини цели биле корисниците на неговите производи и побара компанијата да одговара поради скандалот со софтверот Пегаз.
Тужбата на Apple претставува нов проблем за израелската компанија по извештаите дека десетици илјади активисти, новинари и политичари се на листата на потенцијални цели на софтверот Пегаз.
Поврзани артикли