SEDC доделува стипендии за девојки и жени од ранливи категории за подобрување на дигиталните вештини
Сеавус Едукативен и развоен центар во соработка со IMPACT Foundation го отвора повикот наменет за сите заинтересирани жени и девојки од ранливи категории кои сакаат да ги надградат своите дигитални вештини преку субвенционираната програма (академија) за ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ.
Програмата е првенствено наменета за невработени девојки и жени до 29 години, а предност ќе имаат апликациите кои ќе бидат од внатрешноста на земјава.
Времетраењето на академијата е 4 месеци и истата комплетно ќе се одвива онлајн. Сеавус Едукативен и Развоен Центар заедно со RECONOМY покриваат 80% од вкупната школарина. Остатокот од школарината во износ од 270 евра (во денарска противредност) учесничките ќе имаат можност да го исплатат на рати најдоцна до 1 декември 2022 година.
Доколку сакате да бидете дел од оваа програма, пополнете ја апликација на следниот линк. (ЛИНК), , по што ќе бидете контактирани од страна на СЕДЦ.
Повикот ќе биде отворен најдоцна до 13 декември 2021, а за сите дополнителни информации можете да се обратите на следната мејл-адреса [email protected]или контакт телефон 075 334 547.