Кога во цревата ќе се наталожи поголема количина на токсини, целиот организам е на удар.
Токму ова складирање токсини може да биде причина за многу заболувања. Основните симптоми кои укажуваат на присуство на токсини во организмот се чести настинки, умор, поспаност, деконцентрација и недостаток на енергија.
Лекарите се согласуваат дека без здрави црева нема ни добро здравје, па затоа многу е важно одвреме-навреме да направите комплетен детокс. Тоа најдобро се постигнува со овој напиток кој се прави од 2 состојки – станува збор за кефир и хељда.
Начин на подготовка:
Ставете една лажица брашно од хељда во една чаша кефир и добро промешајте. Направете го тоа навечер и оставете го напитокот во фрижидер преку ноќ.
Наутро, половина час пред јадење, уште еднаш промешајте и изедете ја смесата. Земајте ја на празен стомак пред појадок во рок од 14 дена.
Како делува овој напиток на организмот?
Хељдата има исклучително лековити својства: го зајакнува организмот, ги регенерира крвните садови, го отстранува заморот, ја зголемува циркулацијата во рацете и нозете и го поттикнува лачењето урина.
Од друга страна, кефирот изобилува со пробиотици и влакна кои ги чистат цревата, ја обновуваат слузокожата и помагаат во развој на добрите бактерии. Исто така, кефирот го подобрува варењето и го забрзува метаболизмот.
Поврзани артикли