Милица Весовиќ-Денковска која е одговорна за дигиталните решенија и системи во Филип Морис, во рамките на Четвртата годишна конференција за е-трговија го сподели искуството на работа во меѓународна компанија која поддржува целосна еднаквост и рамноправност помеѓу вработените.
Пред неколку дена под мотото „Ready, Set, Grow“, се одржа четвртата годишна конференција за е-трговија на која присуствуваа речиси 500 учесници, а свое излагање имаа 28 еминентни говорници од земјата и странство. Една од темите на конференцијата беше „Како и зошто поголема вклученост на жените”, а на панелот модерираран од Д-р Нина Ангеловска како жена амбасадор на УНКТАД, учествуваа Милица Весовиќ-Денковска од Филип Морис Интернешнл, Филомена Пљаковска Аспровска од КаСис АД Скопје и Марија Томеска од Еуролинк.
Милица Весовиќ-Денковска која е одговорна за дигиталните решенија и системи во Филип Морис ја истакна политиката за еднакво вреднување на трудот на мажите и жените во компанијата и го сподели искуството на работа во меѓународна компанија која поддржува целосна еднаквост и рамноправност помеѓу вработените.
„Како еден вид на корпоративна култура, во нашата компанија од неодамна постои посебен сектор наречен Inclusion and diversity, koj ги покрива сите домени на инклузивност по сите параметри. Пред на крајот на минатиот месец излезе првата анкета направена токму од овој сектор, каде што дури 73 проценти од жените се изјаснија дека работат во инклузивна компанија, што е навистина прекрасен податок со висок процентен поен. Она што исто така треба да се сподели е сертификатот што Филип Морис го има постигнато во 2019 година „Equal Salary Employer“, што во превод значи еднаква платаза одредена работна позиција, без разлика дали се работи за маж или жена. Ќе се сложит дека тоа всушност кажува многу за компанијата и степенот на развој на корпоративната култура.Од друга страна, што се однесува до регионалното и локално ниво, можеме да се пофалиме со навистина задоволнителни квоти. Можам да споделам дека на регионално ниво, водечките позиции на ИТ и дигитални технологии ги водат жени, а менаџерските позиции на локално ниво се во квоти поделени еднакво, односно 50:50. Што се однесува пак до квотите, би напоменала дека е секогаш добро да се има еден здрав баланс, бидејќи исполнувањето на квотата не значи само исполнување на истата, туку имање професионални луѓе покрај себе и луѓе кои што ја разбираат и ја работат професијата на ниво кое што треба да ја работат“, посочи Весовиќ-Денковска.
Таа ја образложи и онлајн стратегијата на компанијата Филип Морис во однос на традиционаланата продажба на физички локации.
„Филип Морис го лансираше IQOS во една специфична ситуација во која донесувањето одлуки и адаптирање на стратегии мораше да биде агилно и брзо. Ваквиот пристап допринесе и до правилно поставување на корисничките навики во делот на онлајн нарачки, каде што голем дел од корисниците го користеа токму овој начин како примарен. Да не заборавиме дека кога зборуваме за овој производ ние не зборуваме само за интерес на избирање на секојдневен производ, туку за одлука која ќе поттикне промена и избирање на подобра алтернатива. Како стоиме денес во однос на онлајн нарачките најмногу ни кажува и фактот дека имаме стабилен трендПа така секој оној што ја стекнал навиката да нарачува онлајн, продолжува со тоа искуство”, потенцираше Милица Весовиќ-Денковска.