Се очекуваше Vivo да го објави својот прв таблет во јануари, но тоа не се случи. Сепак, подоцна во август, потпретседателот на компанијата изјави дека Vivo ќе го лансира таблетот во првата половина на 2022 година, односно периодот помеѓу јануари и јуни. И додека чекаме повеќе детали од Vivo за својот прв таблет, дојавувачот Digital Chat Station откри дека компанијата ќе лансира таблет со Snapdragon 870 чипсет.
Исто така, не го знаеме името на таблетот, но во јуни компанијата ја заштити трговската марка „Vivo Pad“ во канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (EUIPO) под класа 9, која опфаќа неколку категории на производи, вклучувајќи PDA и таблет уреди.
Уредот Vivo за кој се верува дека е таблет беше забележан и на веб-страницата TUV со батерија од 8.040 mAh.
Vivo не е првата компанија од групацијата BBK Electronics која лансира таблет, пренесува GSM Arena. Тој дел му припаѓа на Realme, која во септември го лансираше Realme Pad со тенок дизајн, метална конструкција, Helio G80 чип, екран од 10,4 инчи и батерија од 7100 mAh.
Покрај Vivo, во сегментот на таблет уреди се очекува да влезат и OnePlus и Oppo. Првиот го заштити името „OnePlus Pad“ на EUIPO во јули, а претходно овој месец видовме протечена слика од вториот производител.
Неколку протечени фотографии од екранот открија дека Oppo Pad (привремено име) ќе доаѓа со Snapdragon 870 чип, 6GB RAM, 256GB простор, ColorOS 12 базиран на Android 11 и екран од 120Hz, за кој Digital Chat Station вели дека е 11-инчен LCD со резолуција од 2.560 x 1.600 пиксели.
Поврзани артикли