Првиот електричен товарен брод број наречен Yara Birkeland го заврши своето прво патување во Норвешка.
Yara Birkeland пловеше 14 километри од Порсгрун до пристаништето Бревик, соопшти компанијата Yara. Како производител на ѓубрива, компанијата правеше 40.000 патувања со камиони годишно како дел од транспортот на своите производи до пристаништето Бревик за извоз. Овој товарен брод ќе ги замени камионите од следната година, со што ќе се намали емисијата на јаглерод за 1.000 тони.
Работата на бродот долг 80 метри започна во 2017 година, тој е дизајниран да пренесува до 103 контејнери, а се напојува со батерија од 7 MWh. Максималната брзина е 15 јазли, а технологијата е производ на компанијата Enova, која промовира искористување на обновливите извори на енергија.
Сензорите на бродот можат да детектираат објекти како кајаци, а интеграциите за автономни операции ги обезбеди компанијата Kongsberg.
Во иднина, бродот ќе може самостојно да товара и истовара товар, да ја менува батеријата и да се движи без човечка интервенција.
Бродот од следната година ќе прави два патувања неделно со екипаж. Технологијата за самопловење ќе се тестира две години, по што бродот ќе добие сертификат и ќе биде отстранет мостот за екипажот.
Yara е еден од најголемите емитери на јаглерод во Норвешка и планира да произведува „зелен амонијак“. На овој производител на вештачко ѓубриво му треба многу амонијак, чие производство сочинува нешто повеќе од 1 процент од глобалните емисии на стакленички гасови.
Yara сака да го користи својот „зелен амонијак“, како и гориво за бродовите.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли