Пандемијата на коронавирусот од реалниот свет се прошири и во светот на видео-игрите.
Компанијата „Фајзер“ во Бразил започна кампања со обид да ги поттикне младите да се вакцинираат. Компанијата ја креирала мисијата во видеоиграта Cidade Alta, најголемиот и најгледаниот GTA V RP сервер во Латинска Америка.
Играчите во таа мисија мора да дојдат до центарот за вакцинација, а после тоа ликот во видеоиграта би добил ознака на раката која во принцип е потврда за вакцината.
Инаку, на ваквите неслужбени сервери за компјутерската верзија на GTA онлајн играчите имаат контрола над правилата на играта и можат да играат со улоги какви што не се достапни на службениот сервер Рокстар. На пример, Cidade ALta им овозможува на корисниците да применува елементи од реалниот живот.
„Фајзер“ во оваа кампања ги вклучи и бројните бразилски стримери. Инаку, овој потег бил дел од програмата во која ликовите кои се вакцинирале во реалниот живот, добиле дополнителна заштита во играта.
Поврзани артикли