Најновата статистка покажува дека испораката на паметни часовници забележала раст во однос на претходната година.
Истражувањето на компанијата Counterpoint research покажува дека во текот на третото тримесечје од оваа година било забележано зголемување на испораката од 16 проценти во однос на истиот период од 2020. година.
Најголемата испорака во текот на ова тримесечје ја остварил Samsung, благодарение на Galaxy Watch 4 часовникот и преминувањето на WearOS платформата.
Apple остана лидер на пазарот на паметни часовници во текот на третото тримесечје, но уделот на компанијата забележал пад бидејќи Watch Series 7 часовниците биле одложени за четвртото тримесечје оваа година.
Втор е Samsung, додека на трето место се нашол Amazfit по се поголемата популарност на пазарите во Европа.
Кога станува збор за платформите, Samsung преку Galaxy Watch 4 ја популаризирал WearOS, што на Google му овозможило значен раст на пазарот на оперативни системи за носиви уреди.
Извор: B92.net
Поврзани артикли