Компанијата Promobot им нуди 200.000 долари на луѓето за нивното лице и глас.
Компанијата која актерот Арнолд Шварценегер ја тужеше за 10 милиони долари затоа што направила робот кој се вика Robot-C и изгледа исто како него, сега покрена нова работа.
Сакаат да направат робот кој ќе го продадат и кој ќе работи во хотели како рецепционер и носач на куфери, во трговски центри и други места на кои доаѓаат многу луѓе.
Во соопштението наведуваат дека бараат лице за роботот и нудат 200.000 долари на оној кој ќе им ги даде правата на наговото лице до крајот на живтот.
„Промобот“ ќе ги разгледа понудите на сите луѓе, од сите раси, постари од 25 години кои може да се пријават на нивната страница.
Тие бараат само „пријатно и пријателско лице“.
Фирмата од Русија, која е основана во Филаделфија, наведува дека нивните роботи во моментот работат во „Волмарт“, на аеродромот Балтимор – Вашингтон и во трговскиот центар Dubai Mall.
Извор: B92.net