Објавена е листа на апликации, заразени со малициозниот софтвер Joker, кој краде податоци и пари од банкарски сметки.
Истражувачот за безбедност на Android на Kaspersky предупредува на зголемената опасност од малициозниот софтвер Joker. Наведени се вкупно 13 апликации за „Android“, кои изгледаат безопасни, но кријат опасен малициозен софтвер.
Joker е всушност досаден тројанец – често се крие во позадина, откако ќе се инсталира апликацијата што го содржи. По некое време, започнува со својот злонамерен ефект.
Злонамерниот софтвер е способен да ја украде содржината на СМС пораките (како што се еднократните безбедносни кодови), па дури може да го пријави корисникот на различни претплатнички услуги и да изнуди стотици долари.
Google веќе ги отстрани овие апликации од својата Play Store продавница, но ако на вашите уреди имате инсталирано некоја од апликациите наведени подолу, веднаш отстранете ги:
„Classic Emoji Keyboard“
„Battery Charging Animations Battery Wallpaper“
„Battery Charging Animations Bubble Effects“
„EmojiOne Keyboard“
„Easy PDF Scanner“
„Flashlight Flash Alert On Call“
„Halloween Coloring“
„Now QRcode Scan“
„Dazzling Keyboard“
„Smart TV remote“
„Volume Booster Louder Sound Equalizer“
„Volume Booster Hearing Aid“
„Super Hero-Effect“
Вообичаен совет за корисниците е да избегнуваат инсталирање непроверени и сомнителни апликации, да користат апликации од докажани програмери и да користат антивирусен софтвер на Android уредите.
Извор: B92.net