Qualcomm потврди дел од гласините што ги пренесовме минатата недела, и на својата линија Snapdragon чипсети ќе им даде нови имиња. Во објавата на Weibo од дојавувачот Digital Chat Station се наведува дека наместо неговиот следен флегшип чип да се вика Qualcomm Snapdragon 898, чипсетот ќе се вика Snapdragon 8 gen1. Додека не знаеме точно кои ќе бидат новите имиња, од компанијата велат дека ќе бидат пократки и поедноставни, пренесува Phonearena.
За таа цел, името на компанијата ќе биде отстрането од официјалното име на чиповите. Така, наместо да се нарекува Qualcomm Snapdragon 8 gen1, премиум чипот би можел да се вика Snapdragon 8 gen1. Qualcomm вели дека ќе ја укине шемата за нумерирање со три цифри и наместо тоа ќе го користи едноцифрена. Исто така, се додава дека серијата „8“ ќе остане актуелен предводник, што укажува дека Snapdragon 8 gen1 е името за кое се зборуваше како одлична можност.
Qualcomm, наводно, тестирал два различни системи за именување со над 2.000 клиенти. Новарта шема за именување би можела да биде објавена следната недела кога Qualcomm треба да го претстави следниот чипсет од серијата 800. Она што е нејасно е како Qualcomm ќе има повеќе чипови во истата серија, како што се Snapdragon 888 и Snapdragon 870.
Ако играме со претпоставки, тука би можел да влезе во игра бројот на генерацијата. На пример, Snapdragon 8 gen1 би можело да биде името на водечкиот чипсет од серијата 8, додека друга нешто помалку моќна компонента од серијата 8 може да биде Snapdragon 8 gen2.
Името Snapdragon првпат беше користено од Qualcomm во 2007 година на Snapdragon S1. Тоа беше првиот процесор направен за мобилни уреди кои работат на 1GHz и беше креиран со користење на 65 nm процес. До каде сме стигнале ќе дознаеме денес, ќе дознаеме на Технолошкиот самит што Qualcomm традиционално го организира кон крајот на ноември и почетокот на декември.