Како дел од тестирањето на планетарниот одбранбен систем, NASA успешно лансираше вселенски брод чија задача е да удри во астероид и да го пренасочи од траекторијата што потенцијално може да доведе до судир со Земјата.
Вселенското летало Dart беше лансирано на ракетата „Фалкон 9“ од базата „Ванденберг“ во 22.21 часот по локално време од американскиот брег на Пацификот, 240 километри северозападно од Лос Анџелес.
Бродот со големина на мал автомобил се откачи од ракетата неколку минути подоцна и започна патување во длабоката вселена кое ќе трае десет месеци, на растојание од околу 6,8 милиони километри од Земјата.
Launch of the @SpaceX Falcon 9 carrying the DART spacecraft – starting a nearly one-year journey to crash into a distant asteroid as a test! Keep checking back for more images! #DARTMission #PlanetaryDefense More: https://t.co/SNUSFf9Ukq pic.twitter.com/qJmffF2wIo
— NASA HQ PHOTO (@nasahqphoto) November 24, 2021
Откако ќе се најде на избраната локација, Dart ќе се обиде да ја промени траекторијата на еден астероид со чиста кинетичка сила. Ќе удри во астероидот со голема брзина со цел да ја промени неговата траекторија доволно за да избегне судар со нашата планета.
Десет дена пред ударот, од бродот ќе бидат откачени мини-камери за да го снимаат сударот и да емитуваат слики назад на Земјата.
Избраниот астероид не претставува вистинска закана за Земјата и е мал по големина во споредба со катаклизмичното небесно тело од овој вид што ја погоди нашата планета пред околу 66 милиони години, кога изумреа диносаурусите.
Научниците велат дека помалите астероиди се многу почести и дека теоретски, тие претставуваат многу поголема опасност на краток рок.