Компанијата Blue Origin се подготвува да испрати нови туристи во вселената, беше потврдено преку Twitter.
Ова ќе биде првпат ракетата на Blue Origin да полета со шест патници, а по овој лет повторно ќе се користи. Екипажот ќе се состои од Лора Шепард Черли, Еван Дик, Дилан Тејлор, Лејн Бас и Камерон Бас.
Ова ќе биде трет лет на екипаж во вселената за компанијата Blue Origin. На изминатите две патувања одеа по четворица патници, а патник на првиот беше и основачот на Blue Origin и Амазон, Џеф Безос. Екипажот на второто патување се состоеше од актерот Вилијам Шатнер, Глен де Вриј, Крис Бошуизен и Одри Пауерс.
Темпото на лансирање на Blue Origin е импресивно, бидејќи ова е веќе трето во годината и покрај високите цени. Зголемувањето на бројот на патници од четири на шест ќе резултира со зголемување на профитот, а во наредниот период се очекуваат и поевтини седишта во системот за вселенски туризам.
Сепак, вселенскиот туризам дефинитивно ќе остане висок луксуз.