Ел Салвадор, единствената земја во светот каде биткоинот (заедно со американскиот долар) е официјална валута, планира да изгради цел град врз основа на таа криптовалута.
Ова во саботата го соопшти претседателот Наџиб Букеле на презентацијата на „Bitcoin Week“ во Ел Салвадор, пишува порталот CoinDesk.
„Bitcoin City“ ќе се наоѓа во заливот Фонсека, недалеку од вулканот. Владата планира да изгради електрана во подножјето на вулканот, која ќе се напојува од геотермални извори и ќе го снабдува со енергија град и ќе го „рудари“ биткоинот, рече претседателот.
Според Букеле, „Bitcoin City“ ќе биде вистински град со станбени и трговски квартови, ресторани, аеродром и железничка станица. Градот ќе биде изграден во облик на круг (како монети), а на централниот плоштад ќе биде прикажан голем биткоин симбол. Градот нема да има сопствен приход, имот, ниту даноци, пренесува Јутарњи лист.
Букеле, исто така, рече дека планира да издаде обврзница за биткоин од 1 милијарда долари, финансиски инструмент што ќе го развие Blockstream на Liquid Network. Од таа сума, 500 милиони ќе бидат искористени за изградба на инфраструктура за ископување биткоини во новиот град, а останатите 500 за купување дополнителни биткоини. Со сегашната цена за тргување со биткоини од 59.000 долари, државата со овој потег ќе добие залиха од 2.000 биткоини.
Претседателот на Ел Салвадор на презентацијата на „Bitcoin City“ се спореди со Александар Велики и Александрија која тој ја изгради. Тој за „Bitcoin City“ изјави дека ќе стане новиот светски финансиски центар, а споменатата обврзница што ќе ја издаде ја нарече „вулканска“.
Ел Салвадор има намера да создаде закони за хартии од вредност и да дозволи издавање на Bitfinex Securities, соопшти Blockstream.
Поврзани артикли